За Нас

Фолклорниот Ансамбл ЉУПЧО САНТОВ постои од далечната 1974 година. Создаден е од група ентизуијасти со цел зачувување и презентација на македонскиот фолклор и традиција.

Кратка Биографија

Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари е симбол на македонската култура, посветен на највредните и најстарите битови на македонскиот народ од Осоговијата, опстојува, работи и го негува изворниот фолклор во Оризари околу 50 години. Фолклорниот Ансамбл има зад себе голем број домашни и меѓународни гостувања и освоено безброј домашни и меѓународни признанија и награди. Во составот на Ансамблот има околу 200 членови. Поделени во играорни групи во Оризари и Зрновци.

Фолклорниот Ансамбл има видео записи за обичаи кои говорат за богатиот фолклор од Осоговијата и тоа: обичај „Ѓурѓовден“, обичај „Потпредулка“, обичај „Традиционална жетва и вршидба на ориз“, обичај „Прочка“.

Фолклорниот Ансамбл од 2014 година па наваму е организатор на Меѓународен Фолклорен Фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, кој што се одржува првата недела во месец мај, за време на верскиот празник Ѓурѓовден.

Групи и Членови Организација

Мисија

Нашата мисија е да го пренесеме и чуваме богатството на изворниот фолклор од Осоговијата и широките македонски простори.

Визија

Да го надминеме регионалниот контекст и да се идентификуваме како водечки претставници на македонскиот фолклор, во светот на уметноста и културата. Нашата визија е да создадеме уметничко наследство што ќе продолжи да влијае и да инспирира генерации во иднина.

200+ Активни членови во ансамблот Зачлени се