Народни Инструменти

Народните инструменти се есенцијален дел од македонската фолклорна музика и се користат за изведба на мелодии и композиции што го одразуваат богатото културно наследство и традиција на македонскиот народ

Гајда

Гајда

Гајдата е традиционален македонски народен инструмент кој има значајно место во македонската фолклорна музика.

Во македонската традиција, гајдата се состои од неколку делови: гајдарка, која е изработена од дреново дрво и има седум дупки на лицето, брчало или рог кој е одговорен за континуираните тонови, слагарче кое го имаат само тригласните гајди, дувало поврзано со мевот и мевот, кој е изработен од штавена овча или козја кожа.

Свирењето на гајдата вклучува држење на инструментот под рака, каде мевот се дополнува со воздух одвреме на време. Гајдарката се држи со двете раце, а брчалото може да се префрли преку рамо.

Овој инструмент е симбол на богатата култура и традиција на македонскиот народ.

Тапан

Тапан

Тапанот е ударен народен инструмент кој игра значајна улога во македонската музичка традиција. Изработен од дрво и кожа, тапанот е присутен во многу народни музички настани во Македонија.

Обично се користи како дел од народните оркестри или ансамбли, придонесувајќи со својот динамичен ритам и возвишеност на мелодијата. Свирењето на тапанот вклучува употреба на двете раце за удирање врз кожниот покрив, создавајќи различни тонови и ритамски облици. Од своето појавување во македонската култура, тапанот продолжува да биде симбол на народната музика и наследство на македонскиот народ.

Тамбура

Тамбура

Тамбурата е еден од класичните народни инструменти во македонската музичка традиција. Тамбурата се користи како солистички инструмент или дел од народните оркестри, каде што го дополнува звучниот пејзаж со своите карактеристични тонови и мелодии.

Свирењето на тамбурата се добива со мали удари врз жиците со перце.

Tамбурата е важен дел од македонската култура и народната музика, претставувајќи симбол на народната идентичност и богатото музичко наследство на Македонија.

Кавал

Кавал

Кавалот е македонски народен дувачки инструмент изработен од јасеново дрво и орнаментиран низ целата должина.

При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос на телото, со тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки, а со горните три дупки и задната палечна дука работи другата. Устата покрива ~3⁄4 од крајот на кавалот. Промената на притисокот при дување во него ја менува и висината на звукот.

Кавалот е важен дел од македонската култура и народната музика, симболизирајќи богатство на традицијата и наследството на Македонија.

Стани наш член

Уписите се отворени за сите заинтересирани нови членови - пополнете ја формата и ќе бидете контактирани