Во склоп на нашиот ансамбл имаме Етно Клуб кој е простор каде што се одвива вистинско патување низ времето и културата на македонскиот народ.
Етно клубот е место каде што се среќаваат и се споделуваат традициите, фолклорот и обичаите кои се прославени во нашата култура. Во нашето етно катче, посетителите имаат можност да го истражат богатството на традиционалните народни носии, инструменти, садови и покуќнина од старите селски домаќинства.
Овде можат да ги видат и да се запознаат со алатките што служеле во секојдневниот живот на селаните, што претставува витален дел од нашата историја и национална идентичност.
Преку разновидните експонати и интерактивни активности, посетителите имаат можност да ги истражат и да го доживеат духот на македонскиот фолклор и наследство.
Резервирај ПосетаИако некои традиции и обичаи се уште се почитуваат и практикуваат во секојдневниот живот на македонскиот народ, повеќето од нив се само спомен и трага од минатото на нашите предци.
Токму уредувањето на ова етно катче има за цел да сочуваме барем еден дел од нашето минато, од нашето богато културно наследство за идните поколенија како сведоштво за историјата на нашето постоење како народ.
Посетете нè