Започнаа подготовките за овогодинешното издание на 11тиот по ред Меѓународен Фолклорен Фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ кој што секоја година традиционално се одржува во Оризари по повод верскиот празник Ѓурѓовден.

Креиран е програмскиот дел на фестивалот, договорени се активностите кои ќе се одвиваат во текот на фестивалот и затворен е ростерот на фолклорни групи од земјава и странство кои ќе земат учество на овогодинешното издание на фестивалот.

Во периодот што следи ќе се договараат деталите за комплетното медиумско покривање на фестивалот со нашите редовни партнери и соработници, а се со цел на нашите верни следбеници да им пружиме едно возбудливо фолклорно уживање.