Со фолклорниот концерт во Зрновци и официјално започна единаесетото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал – Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора во организација на ФА Љупчо Сантов од Оризари.
Традиционално, секоја година по повод православниот празник Ѓурѓовден, Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари го организира овој меѓународен фестивал во Оризари и Зрновци. Како и секоја година, и оваа година учество на фестивалот ќе земат фолклорни групи од Македонија и од странство.
Официјално, отварањето на овогодинешното издание на фестивалот беше означено со фолклорниот концерт кој што се одржа на 09 мај 2024 година во Зрновци, на кој учество земаа домаќинот ФА „Љупчо Сантов“ Оризари – Играорна група Зрновци, ФА „Злевски Бисери – Злеово, “КУД „Бока“ – Тиват Црна Гора и МКЦ „Босна Арт“ – Стјепан Поље, Грачаница Босна и Херцеговина.
Стани дел од нашиот ансамбл
Уписите се отворени за сите заинтересирани нови членови - како и за волонтери за активностите на ансамблот
Стани Наш Член