На 22 март 2024 година во во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани по повод патрониот празник на СОУ „Љупчо Сантов“ се одржа свечена академија.
Како редовен учесник на сите поважни случувања во нашата општина, во богатата свечена програма забележителен настап имаше и нашиот фолклорен ансамбл, кој исто така го носи името на херојот Љупчо Сантов.
Репертоарот што го прикажаа членовите на нашиот ансамбл беше поздравен со овации од многубројната публика во салата.
Сподели ја оваа вест
Стани дел од нашиот ансамбл
Уписите се отворени за сите заинтересирани нови членови - како и за волонтери за активностите на ансамблот
Стани Наш Член