На 23 март 2024 година во просториите на ФА Љупчо Сантов – Оризари во присуство на многубројни новинарски екипи, гости, помагатели и соработници на нашиот фолклорен ансамбл се одржа промоција на првиот Годишен билтен на ансамблот.
Годишниот билтен претставува преглед на сите активности на ФА Љупчо Сантов во претходната 2023 година.
Во овој број на годишниот билтен се објавени и дел од фотографиите од богатата архива на фотографии на ансамблот од многубројните наши патувања во земјава и во странство. Во првиот број на годишниот билтен исто така ќе можете да се запознаете подетално со изворната народна носија во која настапуваат нашите фолклористи.
Годишниот билтен ќе излегува еднаш годишно на почетокот на секоја нова календарска година.
Стани дел од нашиот ансамбл
Уписите се отворени за сите заинтересирани нови членови - како и за волонтери за активностите на ансамблот
Стани Наш Член