Во предвечерјето на еден од најголемите христијански празници Божиќ, од страна на членовите на нашиот фолклорен ансамбл премиерно беше изведен и презентиран обичајот на Бадниковата вечера, која ни ја симболизира семејната радост и заедништвото.

Обврската да ги чуваме и негуваме нашите традиции и обичаи не е само долг кон нашите предци, туку и долг кон нашите потомци. Зачувувањето на богатото културното наследство на нашата единствена татковина, како дел од европскиот културен простор е наша заедничка обврска.

Обичаите и традициите се тие што не одржале како народ низ вековите. Преку нивното негување и чување го чуваме и нашето постоење а и постоењето на нашата држава, Македонија.

Да најдеме сила во различностите и да го прославуваме се она што е заедничко. Да го направиме нашиот и животот на луѓето околу нас подобар. Тоа е смислата не само на овој празник, туку и смислата на постоењето на сите верски празници.

Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. „Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“

ФА Љупчо Сантов ви посакува среќен Божиќ и благословена Нова година.