Успешните настапи на нашиот фолклорен ансамбл Љупчо Сантов на престижните фестивали во соседна Република Бугарија не останаа незабележани од официјалните претставници на Република Северна Македонија.

Во објава на официјалниот фејзбук профил на Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија беа упатени честитки за нашиот фолклорен ансамбл за учеството и освоените награди на двата престижни фестивали, на Меѓународниот детски етно фестивал во Минерални Бањи, Хасково и на манифестацијата Празникот на розата во Казанлак.

Ова е уште еден доказ за нас дека сме на вистинскиот пат и дека успешно ја претставуваме македонската традиција и култура надвор од границите на Република Македонија.