Денес во дворот на црквата Св.Атанасиј Велики во Оризари, во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал – Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора, членовите на нашиот ансамбл заедно со нашите гости членовите на фолклорните групи од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина беа сведоци на умешноста на нашите искусни домаќинки при подготвувањето на традиционалните македонски специјалитети сукање и печење на зелник под вршник, биење на млеко и приготвување на теганици со сирење.
Нашите гости беа воодушевени од умешноста во подготвувањето од страна на нашите вредни домаќинки, па и тие самите посакаа да подготват дел од специјалитетите.
Најмладите членови на нашите гости со љубопитност го следеа процесот на подготовка, заинтересирано прашуваа и се запознаа со мал дел од богатата македонска традиција.
Стани дел од нашиот ансамбл
Уписите се отворени за сите заинтересирани нови членови - како и за волонтери за активностите на ансамблот
Стани Наш Член