ФА Љупчо Сантов од Оризари и оваа година традиционално по единаесети пат по повод православниот празник Ѓурѓовден го организира Меѓународниот фолклорен фестивал – Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора. Овогодинешното издание на фестивалот беше поместено за неколку дена поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори во Македонија.

Оваа година на фестивалот покрај домаќинот ФА Љупчо Сантов – Оризари, од Македонија учество ќе земат фолклорните групи: КУД „Вера Јоциќ“ – Македонска Каменица, Ансамбл „Ќерамичар“ – Велес, КУД „Тодор Јанев“ – Чашка, Здружение за ора и песни „Фолклорна Низа“ – Струмица и ФА „Злевски бисери“ – Злеово. Како учесници на фестивалот од странство со своите фолклорни перформанси ќе се претстават: КУД „Бока“ – Тиват Црна Гора, МКЦ „Босна Арт“ – Стјепан Поље, Грачаница Босна и Херцеговина, ФА „Младост“ – Босилеград Србија и ФТА „Пиринче“ – Благоевград Бугарија.