
Денес во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал – Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора беше одржан детскиот натпревар во традиционални игри. Младите фолклористи од ФА Љупчо Сантов и нашите гости од странство се натпреваруваа во игрите влечење со јаже, трка со јајце и трка со вреќа.
Натпреварувачкиот дух на младите фолклористи и желбата за победа на сите учесници преовладуваше за време на натправарите а победниците во сите категории ги добија заслужените медали.
На крајот сепак сите беа победници, смеата, радоста и доброто расположение кое владееше помеѓу учесниците беше доказ дека пријателството кое се гради преку игра, песна и дружење останува трајно засекогаш. Веруваме дека и овој пат нашите гости од странство ќе понесат со себе убави спомени од Македонија.




Стани дел од нашиот ансамбл
Уписите се отворени за сите заинтересирани нови членови - како и за волонтери за активностите на ансамблот
Стани Наш Член