Денес во рамки на третиот меѓународен фолклорен фестивал „Сред село весело“ кој се одржува во село Злеово – Радовиш настапија членовите на ФА Љупчо Сантов.

Тие пред многубројната публика успешно се претставија со ората Шопчето и Водарки, а од организаторот на фестивалот им беше доделена благодарница за нивниот настап.